Титулата во Ла Лига од поодамна Реал и ја предаде на Барселона, во шпанскиот куп „кралевите“ беа елиминирани од Леганес, па значи дека за спас на сезоната остана само едно натпреварување, онаму каде што Реал е најдобар – Лигата на шампионите.
Пред „кралевите“ е голем тест, веќе во осминафиналето ги очекува тежок натпревар против ѕвездениот тим на Пари Сен Жермен и овој натпревар секако привлекува најголемо внимание.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради актуелната ситуација натпреварот против ПСЖ за Реал е прогласен како историски и натпревар во кој ќе одат на „се или ништо“!
Првиот натпревар од овој двомеч се игра на 14 февруари во Мадрид, а реваншот 6 март. „Бернабеу“ за овој натпревар беше распродаден за само 36 минути. Веднаш потоа тргна и „црната продажба“ односно препродажбата, а има и доказ за тоа.
На „StubHub“ се продава влезница за овој натпревар која по регуларна цена има вредност од 300 евра за неверојатни 24.080 евра!
Од Реал порачуваат дека на стадионот нема да ги пуштат оние што купиле препродадени карти.
Секој гледач мора купената карта да ја покаже на својот мобилен телефон и картите не ќе може да се принатаат. Само со влезницата „симната“ на мобилниот на која се гледа регуларната цена ќе може да се влезе на стадионот.