Кошаркарите на Бостон и Хјустон одиграа навистина луд натпревар кој беше одлучен во последните секунди со кошот на Ал Хорофорд од тешка позиција под кошот.
Ова беше вистински спектакл и дуел два големи мајстори, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Ирвинг ги предводеше Селтикси до 26 поени, додека Харден запиша 34 поени и 10 асистенции.
После една тешка тројка на Харден, на две минути пред крајот Хјустон успеа да направи предност од четири поени разлика и имаа одлична предност во завршницата и ја чуваа се до 10 секунди пред крајот, а потоа лошо одиграа, па беа казнети.
Набрзо потоа беше видена и голема глупост од Тарик Блек. При изведувањето на топката од под кошот, започна да трча со топката по аут линијата, а судијата поради ваквиот потег топката ја додели на Бостон кој доби прилика да го реши натпреварот.
Тој поклон не го пропуштија, а Хорфорд постигна кош кој на крајот се покажа како победнички. Но тоа не беше се, бидејќи во наредното изведување од аут Харден направи офанзивен фаул над Хорофорд кој ги промаши двете слободни фрлања. Топката дојде до Ерик Гордон кој се обиде преку цел терен да постигне кош, но сепак не успеа.
Во продолжение погледнете како изгледаа најинтересните моменти од натпреварот.
Останати НБА резултати:
Орландо – Детроит 102:89
Милвоки – Минесота 102:96
Сан Антонио – Њујорк Никси 119:107
Портланд – Филаделфија 114:110.