Дома Фудбал Останато Луда ситуација во Хрватска: Одржа прес-конференција за натпревар во ЛЕ, па без најава доби отказ

Луда ситуација во Хрватска: Одржа прес-конференција за натпревар во ЛЕ, па без најава доби отказ

Риека има солидни резултати на стартот од сезоната, па потегот на управата да го отпушти тренерот Жељко Шопиќ беше окарактеризиран како големо изненадување.

Неверојатно звучи и тоа што доби отказ по прес-конференцијата на која го најавуваше реванш натпреварот против Елфсборг во квалификациите за Лигата на Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„По прес-конференцијата, ми се јави спортскиот директор Дарко Раиќ-Судар и ми кажа дека претседателот Мишковиќ одлучил повеќе да не сум селектор. Не ми беше дадена никаква причина за отказот. Не знам што да кажам. Досега одигравме пет натпревари, никогаш не сме загубиле, имаме гол-разлика 6:1, Риека е приватен клуб на Мишковиќ и тоа е негово право , тој го финансира клубот и тука завршуваат сите муабети“, изјави Сопиќ.

Медиумите во Хрватска посочуваат дека немало видливи тензии во односот меѓу управата и селекторот, а како единствена необична работа што се случила го наведуваат „заладувањето“ на односите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Насилници провалиле во куќа на фудбалска ѕвезда додека бил во неа со семејството – морал да се брани со нож!

Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани п…