Дома Фудбал Англија Лоши вести за Ливерпул и Баерн, германскиот талент ја промени одлуката

Лоши вести за Ливерпул и Баерн, германскиот талент ја промени одлуката

Како што пренесува Скај Спорт, талентираниот офанзивен фудбалер кој се наоѓа на радарот на Ливерпул и Баерн Минхен има нова идеја.

Јулијан Бранд важи за еден од најперспективните германски фудбалери.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


со успех веќе две години ги брани боите на Баер Леверкузен, а во последната година порасна интересот на големите клубови за неговите услуги. Една од причините за растот на интересот е што Бранд има договор со клубот до 2019. година, па се шпекулира дека кариерата може да ја продолжи во Ливерпул или Баерн Минхен.

Баерн веќе го договори Горецка, се очекуваше тоа да го направи и со Бранд, но се уште нема ништо од тоа. Од друга страна и Ливерпул е во потрага по засилувања со оглед на тоа дека има доста пари на располаѓање од продажбата на Кутињо, а потребно е и на што подобар начин да го надомести заминувањето на Бразилецот од Енфилд.

Се очекуваше Бранд да ја промени средината наредното лето, но според последните информации, младиот германски фудбалер донесе сосема спротивна одлука.

Тој одлучи да потпише нов договор со екипата од „Бај Арена“ и да продолжи да игра во редовите на „Фармацевтите.“

Бранд во моменталниот договор има откупна клазула од 12,5 милиони евра, но е јасно дека со новиот договор тоа значително ќе се промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…