Дома Фудбал Лоши вести за Барса пред дуелите со Реал и Наполи

Лоши вести за Барса пред дуелите со Реал и Наполи

Барселона вчера скапо ја плати победата над Гетафе (2:1) бидејќи поради повреда го загуби чевиот бек Жорди Алба.

Алба е еден од најважните играчи во тимот на Каталонците, па тоа ќе биде голем проблем за Барселона во овој исклучително важен период.

Алба на теренот мина 22 минути, а потоа со солзи во очите го напушти теренот. Барселона денес се огласи и потврди дека го повредил адукторот а левата нога.

Алба најверојатно ќе мора да отсуствува од терените три недели, а тоа значи дека ќе ги пропушти дуелот со Наполи во Лигата на шампиони и големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид.

На неговата позиција ќе игра Жуниор Фирпо, кој пристигна ова лето, но се уште не се покажал во вистинско светло.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…