Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е лут на одлуката на здравствените власти во Италија, кои се уште не им дозволуваат на клубовите да продолжат со редовните тренинзи.
Лотито го нападна „нелогичниот“ декрет на италијанската влада околу забраната за пристап до тренинг-центрите, потенцирајќи дека фудбалерите тренираат во парк и покрај море.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одлуката на владата беше критикувана од повеќе фудбалери, тренери и клубови, бидејќи обичните граѓани ќе можат да трчаат на отворено од 4 мај, додека професионалните спортисти ќе мораат да почекаат до 18 мај за да влезат во тренинг-центрите на своите клубови.
„Знаеме дека овој корона вирус нема да исчезне бргу и ќе мораме да се навикнеме да живееме со него. Важно е да се сфати дека и фудбалот има своја улога во општеството. Ако не продолжи ќе имаме сериозна штета која ќе вреди стотина милиони. Владиниот декрет е нелогичен. Некој кој се натпреварува во индивидуален спорт ќе може да тренира, а фудбалерите не. На крајот ќе ги гледаме Чиро Имобиле и Един Џеко како џогираат во парк или Лоренцо Инсиње како трча на кејот покрај море во Неапол. Апсурдно!“, истакна Лотито.