Тотенхем е силно заинтересиран за голманот на Интер, Андре Онана, пренесуваат англиските медиуми.
„Спарси“ бараат замена за Уго Лорис, кој е во тимот од 2012 година, но во последно време често се повредува и може да го напушти клубот на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лорис има договор на уште една година, но наводно допшло до расправија со раководството и на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.
Интер има финансиски проблеми и на лето ќе мора да продаде некоја од своите ѕвезди.
Поради тоа „нероаѕурите“ се спремни да го продадат Онана бидејќи тоа ќе биде чиста заработка на клубот со оглед на фактот дека голманот пристигна без обештетување.