Дома Трансфер зона Мурињо незадоволен од Лорис, носи замена од неговиот поранешен клуб?

Мурињо незадоволен од Лорис, носи замена од неговиот поранешен клуб?

Жозе Мурињо сака нов голман, пишуваат англиските медиуми.

Во Тотенхем не се задоволни како нивниот капитен Хуго Лорис брани оваа сезона и на лето ќе се обидат да доведат негова замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прва мета е Дин Хендерсон, резервниот голман на Манчестер Јунајтед.

Хендерсон има 23 години и минатата сезона беше одличен на позајмицата во Шефилд. Оле Гунар Солскјер го врати во Манчестер Јунајтед, но младиот голман не успеа да се избори за место покрај Давид Де Геа.

Покрај Тотенхем, за Хендерсон се интересираат Челзи и Вест Хем. Јунајтед за него ќе бара околу 40 милиони фунти, а можно е да оди на нова позајмица.

Лорис е во Тотенхем од 2012 година и за овој тим собра 355 настапи, но изгледа дека на неговото време во Лондон доаѓа крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…