Aрсенал е во битка за шампионската титула во Премиер лигата, но исто така „топџиите“ размислуваат и за наредната сезона.
Новинарот на „Тајмс“ Гери Џејкоб објави дека Арсенал спремил понуда од 80 милиони фунти за доведување на Даклан Рајс со што би го победиле Челзи кој исто така сака да го доведе. Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Планот на Артета е доведување на централен играч за врска, покрај Рајс се споменува Моизес Каиседо од Брајтон кој според „Трансфермаркт“, има вредност од 38 милиони евра.
Освен тоа приоритет е и доведување на лев бек и едно крило. Арсенал во овој момент се наоѓа на чело на Премиер лигата со два бода повеќе, но и со натпревар помалку во однос на Манчестер Сити.