Maтијас Де Лихт ова лето направи трансфер од Ајакс во Јувентус.
Холанѓанецот го сакаа неколку европски гигант, но тој на крајот се одлучи да направи трансфер во Торино за оштета од 85.5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Де Лихт во првиот натпревар против Парма остана на клупата, потоа следуваше повредата на Киелини, па Сари немаше избор и Холанѓанецот беше стартер против Наполи и Фиорентина и во тие натпревари покажа дека е прилично несигурен.
Против Наполи Јувентус прими два гола поради негови задоцнети реакции, додека против Фиорентина направи аматерски кикс меѓутоа Шчесни успеа да ја спаси ситуацијата.
Очекувано после таквите настапи и поради сумата која беше платена за него се најде на удар на критики од јавноста, сега во негова одбрана застана Марчело Липи.
„Не е ништо ново некој да има лош почеток. И други фантастични играчи во минатото имале слаб старт во новиот клуб. Се сеќавате на Зидан?“, запраша Липи.
Липи верува дека Италија не е место каде што лесно се игра. Освен тоа повредата на Киелини значеше дека Де Лихт многу брзо мораше да го замени и тоа не му помогна.
„Доаѓањето во Италија, дури и ако сте навистина добри понекогаш може да биде сериозен предизвик. Искрено, поради повредата на Киелини доби место толку брзо во првиот тим, но во неговиот талент не треба да се сомнева“, додаде италијанскиот стратег.