Дома Фудбал Лига на шампиони Лион го шокираше Сити за полуфинале против Баерн ?

Лион го шокираше Сити за полуфинале против Баерн ?

Вечерва се одигра и последното четвртфинале во Лигата на шампионите.

Во последното четвртфинале видовме изненадување, Лион го елиминираше Манчестер Сити. Францускиот претставник направи изненадување и во минатата фаза елиминирајќи го Јувентус, а сега го изненадија Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот беше отворен во 24 минута кога Корнет го искористи истрчувањето на Едерсон и ја погоди мрежата.

Создаваше Сити прилики меѓутоа до гол успеаа да стигнат во 69 минута и тоа преку Кевин Де Брујн.

Во тие моменти изгледаше како Сити да ја превзема кнтролата, но на десет минути до крајот во една контра Муса Дембеле погодува за 1:2.

Сити имаше шанса да изедначи и тоа преку Рахим Стерлинг во 86 кога англискиот репрезентативец имаше буквално празен гол пред себе на само неколку метри и успеа да шутира над голот.

Казната стигна веќе во следниот напад кога Дембеле со вториот гол ги постави конечните 1:3. Во полуфиналето Лион ќе игра против Баерн, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Лајпциг и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Претепан германскиот судија кој неодамна го запроси своето момче пред 50.000 гледачи (Фото)

Германскиот фудбалски судија Паскал Кајзер, кој претходниот викенд на мечот во Бундеслигат…