Англиските медиуми објавија дека Езгјан Алиоски во следните недели ќе потпише нов договор со Лидс.
Според најавите Лидс на Алиоски му доставил понуда за соработка на четири години со плата од 30.000 фунти неделно што значи дека Џани на годишно ниво ќе добива 1.5 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Алиоски истекува на лето па затоа Лидс сака да се обезбеди дека македонскиот фудбалер ќе остане на подолг период.
На „Иланд роуд“ не сакаат да се доведат во ситуација Алиоски да може во јануари да потпише преддоговор со некој друг клуб, па на лето да си замине без оштета.
Алиоски и самиот потврди дека негова желба е да остане во Лидс, па нема да има проблем околу продолжување на договорот.