Ливерпул влегува во трката за потписот на ѕвездата на Каљари, Нико Барела пренесуваат англиските медиуми.
21-годишниот играч за врска игра фантастично во дресот на Каљари и веќе заработи повиок во италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Амглиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп е силно заинтересиран за Италијанецот и е спремен да плати 35 милиони евра.
Сепак, „црвените“ имаат силна конкуренција за потписот на Барела, кој веќе е на радарот на најголемите клубови од Апенините како Милан, Јувентус и Интер.
Меѓутоа, Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и сака да испрати понуда уште во јануари која Каљари нема да може да ја одбие.