Дома Фудбал Англија Ливерпул сурово го казни Арсенал и славеше на „Емирати“ 🎥

Ливерпул сурово го казни Арсенал и славеше на „Емирати“ 🎥

Фудбалерите на Ливерпул вечерва на гостинските терен славеа против Арсенал со 2:0 во рамките од 29. коло во Премиер лигата.

„Црвените“ на тешкото гостување на „Емирати“ дојдоа до важни три бода и така максимално го искористија вчерашниот кикс на Манчестер Сити и сега се на еден бод заостанување зад „граѓаните“.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Ливерпул офанзивно го започна натпреварот и со создаде неколку добри прилики на стартот. Потоа Арсенал заигра нешто подобро, но не успеаа да го загрозат голот на Алисон. После пропуштените прилики на Арсенал во второто полувреме стигна казната и тимот на Клоп преку Диого Жота дојде до водство.

Прашањето на победникот Ливерпул го реши седум минути подоцна и повторно голот дојде по шанса од таа лева страна. Робертсон одлично го пронајде Седрик додаде во петерецот каде што беше Фирмино кој ги постави конечните 2:0.

Арсенал до крајот на натпреварот се обиде да се врати, но Ливерпул искусно ја чуваше предноста и дојде до нова победа оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА го суспендираше херојот на Турција

Херојот на Турција од осминафиналето со Австрија, Мерих Демирал, доби суспензија од два на…