Дома Трансфер зона Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвездата на Лајпциг

Ливерпул спреми 50 милиони за ѕвездата на Лајпциг

Ливерпул е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Лајпциг и германски репрезентативец Тимо Вернер, пренесуваат германските медиуми.

Скаути на Ливерпул веќе подолго време ги следат настапите на Вернер, кој оваа сезона постигна 13 гола на 19 меча. Информациите од медиумите се дека „црвените“ се спремни да понудат 50 милиони фунти за неговиот потпис.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Договорот на Вернер со Лајпциг истекува во 2020 година, па на лето напаѓачот ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа, ова е одлична можност германскиот клуб да заработи добра сума од неговата продажба.

Лајпциг и Ливерпул се во одлични односи и пред точно една година го договорија трансферот на Наби Кеита.

Интерес за Вернер постои од многу европски гиганти, особено од Баерн Минхен кој исто така е спремен да ја плати споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…