Дома Фудбал Англија Ливерпул спреми богат договор за Ван Дајк

Ливерпул спреми богат договор за Ван Дајк

Вирџил ван Дајк се етаблираше во најдобар дефанзивец во светот и дефинитивно еден од најважните играчи на Ливерпул.

Според весникот „Сан“, холандскиот дефанзивец ќе потпише нов, петгодишен договор со клубот од „Енфилд“, а тоа ќе се случи откако Ливерпул ќе ја потврди титулата во Англија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Холанѓанецот, наводно, го одбил ПСЖ и сега со „црвените“ ќе потпише договор според кој ќе добива по 250.000 евра неделно.

Според новиот договор, тој би го засенил Мохамед Салах, кој моментно заработува најмногу во клубот.

Ван Дајк има 28 години и во Ливерпул пристигна во 2018 година во трансфер вреден околу 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато што правел Роналдо за време на погребот на Жота (Фото)

Диого Жота и неговиот брат трагично загинаа во страшна сообраќајна несреќа, а Кристијано Р…