
Мохамед Салах ја прифатил понудата на Ал-Итихад и му соопштил на раководството на Ливерпул дека сака да се пресели во Саудиска Арабија.
Саудискиот тим нуди неверојатни 150 милиони евра за Египќанецот, па Ливерпул сериозно размислува за понудата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Тоа е навистина примамлива финансиска понуда за англискиот премиерлигаш кој оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите.
Ливерпул досега инсистираше на тоа дека Салах не е на продажба, но богатата понуда може да ги предомисли сите во клубот.
„Црвените“ веќе ја пронајдоа замената и доколку Салах замине ќе испратат понуда до Жоао Феликс.