Ливерпул во 8-то коло од Премиер лигата на „Енфилд“ го пречека Лестер и запиша победа од 2:1.
Екипата на Јирген Клоп до осмата победа стигна до осмата победа. Ливерпул доминираше и создаваше шанси од самиот почеток, а до предност стигна во 40-тата минута кога Садио Мане погоди после асистенцијата од Милнер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме, а во продолжение Ливерпул продолжи со нападите.
Гостите заиграа нешто подобро создадоа неколку шанси и реализраа една во 80-тата минута кога Медисон погоди за 1:1.
Изгледаше дека Ливерпул ќе го одигра првиот натпревар сезонава во ПЛ на кој нема да победи, но тогаш во 95-тата минута Милнер погоди за 2:1.
Во останатите натпревари Астон Вила го разби Норвич со 5:1, Барнли на свој терен го изненади Евертон со 1:0, додека Вотфорд и Шефилд одиграа без голови.