Ливерпул веќе два меча по ред не знае за победа во англиската Премиерлига и има само два освоени бодови, додека утре го игра дербито против Манчестер јунајтед.
Тренерот Јирген Клоп има проблеми во средниот ред и сака да ги реши, а сега англиските медиуми во прв план го ставаат младиот Сандер Берге како потенцијално решение за главоболките на Германецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Норвежанецот игра за Шефилд јунајтед, кој настапува во Чемпионшип, па не би требало Ливерпул да има проблеми во обидот да го ангажира талентираниот Берге.
Овој 24-годишен Норвежанец се проценува на 15 милиони евра, колку што ќе мора да плати Ливерпул за да го реши проблемот во екипата.