Ливерпул остана без резервен голман откако Симон Мињоле одлучи да потпише за Клуб Бриж.
Мињоле на „Енфилд“ помина шест сезони, а од кога Алисон дојде во клубот бранеше само во куповите и пријателските натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова лето тој одлучи да се врати во Белгија и да потпише за Клуб Бриж, а Ливерпул од неговиотт трансфер заработи 6.5 милиони евра.
Како што пренесуваат англиските медиуми Ливерпул веќе ја завршил потрагата по нов голман и во нивните редови се очекува да пристигне Адриан како слободе играч.
Овој 32 годишен Шпанец го напушти Вест Хем на крајот на минатата сезона и во овој момент е без клуб, но во наредните денови би требало да потпише за Ливерпул каде што ќе ја има улогата на резервен голман.
Во Вест Хем бранеше од 2013 година.