Дома Фудбал Англија Ливерпул го сакал Сократис, но…

Ливерпул го сакал Сократис, но…

Еден човек од раководството на Ливерпул му се јавил на Сократис Папастатопулос откако дефанзивецот го раскина договорот со Арсенал минатата недела.

Англиските медиуми пренесуваат дека од „Енфилд“ сакале да проверат каква е ситуацијата со грчкиот дефанзивец и не стигнала ситуацијата до официјална понуда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сократис одлично се познава со менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп со кого соработуваше во Борусија Дортмунд. Ливерпул има големи проблеми во одбраната и сакале да го донесат Сократис само до крајот на сезоната.

Сепак, грчкиот дефанзивец не сакал да се пресели на „Енфилд“ само за шест месеци бидејќи имал и други понуди. На крајот реши да се врати во татковината и потпиша за Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез ги договори условите: Ќе падне важен потпис во Мадрид до 2030 година

Брахим Дијаз ќе потпише и официјално нов договор со Реал Мадрид. Иако не е редовен стартер…