Ливерпул на „Енфилд“ го разби Бурнемоут со 3:0 во 26-тото коло од Премиер лигата и се врати на врвот на табелата.
„Црвените“ денес едноставно мораа да победат. Во тоа на крајот и успеаа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
До предност стигнаа во 24-тата минута. Погоди Мане после нафрлувањето од Милнер.
После водечкиот гол Ливерпул продолжи да напаѓа, а веќе десет минути подоцна видовме нов погодок во мрежата на Бурнемоут. Мајсторски лоб пред крајот на полувремето изведе Ванијалдум.
Само што почна второто полувреме зголемија и на 3:0. Салах беше егзектур на одличната акција на Фирмино за конечни 3:0.
via @VideoGoalsHD pic.twitter.com/9dnk18ePP4
— via @VideoGoalsHD (@viaVide16867019) February 9, 2019
What a goal from @GWijnaldum pic.twitter.com/IIONPyyZs0
— Darren Bond (@DarrenBond86) February 9, 2019
via @VideoGoalsHD pic.twitter.com/jwiQtiEFAW
— via @VideoGoalsHD (@viaVide16867019) February 9, 2019
Арсенал како гостин го совлада Хадерсфилд со 1:2.
Во 16-тата минута после нафрлувањето на Сеад Колашинац Ивоби погоди за 0:1, за ов финишот од првиот дел Лаказет да зголеми 0:2. Во судиското продолжение домаќините со автоголот на асистентот Колашинац намалија на 1:2, но тоа беше се што успеаа да направат во денешниот натпревар.
Останати резултати:
Вотфорд – Евертон 1:0
Саутемптон – Кардиф 1:2
Кристал Палас – Вест Хем 1:1