Дома Топ вести Ливерпул го купува „иранскиот Меси“

Ливерпул го купува „иранскиот Меси“

Ливерпул е на првото место во Премиер лигата, но Јирген Клоп најави нови засилувања во јануари, особено во нападот.

Клоп во јануари ќе остане без Мане кој ќе замине на Африканскиот куп на нации, па веќе почна потрагата по крилен напаѓач кој ќе може да го замени Африканецот.


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека прва мета на „црвените“ ќе биде Сардар Азмун. Овој 21-годишен ирански репрезентативец е член на екипата на Ростов кој пристигна ова лето во контроверзен трансфер.

Имено, „иранскиот Меси“, како што го нарекуваат овој фудбалер, уште пред 3 години пристигна во Рубин Казан, а тие во 2015 година му го позајмија на Ростов. Но, по истекувањето на позајмицата, Ростов го задржа играчот и плати 2,3 милиони евра на Рубин на име на клаузула која во Казан ја оспоруваа, за која тврдеа дека никогаш не ја вметнале во договорот со Ростов. Рускиот фудбалски сојуз пресуди во корист на Ростов и Азмун остана во овој клуб, а веќе оваа зима би можел да се пресели на англиските терени.

Моменталната вредност на фудбалерот изнесува околу 10 милиони евра, сума која Ливерпул нема да има проблем да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан ја сака ѕвездата на Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Аб…