Навивачите на Ливерпул синоќа покажаа дека, без никакви сомнежи, се едни од најдобрите навивачи во светот.
Најдобро тоа на своја кожа го почуствува голманот Кариус, кој во последно време беше изложен на многу критики. Се започна по оние кардинални грешки во финалето од Лигата на Шампионите против Реал Мадрид, по што направи некои грешки и во некои од подготвителните натпревари за новата сезона.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Половина од планетата беше насочена кон Кариус, но оние вистинските навивачи на Ливерпул му дадоа поддршка и дочек кој нема да го заборави додека е жив.
Се играше 73. минута во пријателскиот натпревар против Торино (3:1) кога Кариус влезе во игра на местото од Алисон, а целиот „Енфилд“ се крена на нозе и со голем аплауз го поздрави својот голман. Па сега замислете како тој се чувствуваше во тие моменти.
Приближно, со овој потег е објаснета разликата помеѓу вистинските навивачи кои доаѓаат на натпреварите и оние кои се најпаметни на социјалните мрежи. Се е јасно, а видеото мора да го погледнете…