„Liverpool Echo“ медиум кој важи за добро упатен кога во прашање се вестите поврзани со Ливерпул, пренесува дека Јирген Клоп во летото кое е пред нас нема да го засилува клубот во нападот.
Стратегот на „црвените“ е исклучително задоволен од настапите на сегашната „деветка“ на клубот, Роберто Фирмино, а негов наследник гледа во Ријан Бревстер кој се смета за еден од најголемите таленти во светот во овој момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува споменатиот медиум, Клоп е воодушевен од настапите на 17 годишниот напаѓач и веќе имал намера да го повика во првиот тим, но за жал Бревстер заработи повреда поради која ја заврши тековната сезона.
Овој фудбалер во Ливерпул пристигна од редовите на Челзи и нема сомневање дека „црвените“ во него добија огромен талент бидејќи Ријан на 15 настапи за вториот тим на Ливерпул постигна шест погодоци и запиша седум асистенции.
Одличен беше и во репрезентацијата на Англија до 17 години која со него во тимот стана светски шампион. Бревстер на споменатиот турнир беше стрелец на осум голови со што стигна до признанието најдобар стрелец на турнирот.