Дома Трансфер зона Ливерпул бара замена за Ван Дајк, прва мета Скриниар

Ливерпул бара замена за Ван Дајк, прва мета Скриниар

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк заработи тешка повреда на коленото на мечот против Евертон минатиот викенд.

Деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата е сериозна, па Ван Дајк ќе отсуствува од терените околу 7 месеци, што значи дека сезоната за него е завршена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Поради тоа приоритет на „црвените“ во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а прва мета е играчот на Интер, Милан Скриниар.

Скриниар не се вклопува во формацијата на Конте и Интер е спремен да го продаде, а Ливерпул ќе се обиде да ја победи конкуренцијата, бидејќи за неговиот потпис силен интерес покажува и Тотенхем.

Цената на Скриниар изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра, а како негова алтернатива се посочува Озан Кабак од Шалке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…