Дома Македонски спорт Мак баскет Лејсон Зекири: Чест ми е што ја добив довербата, без проблем можеме да ги поминеме квалификациите

Лејсон Зекири: Чест ми е што ја добив довербата, без проблем можеме да ги поминеме квалификациите

„Репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите“- вели младиот кошаркар во нашата селекција

Еден од осумтемина кои се наметнаа кај селекторот Драган Бајиќ во изминатите неколку дена е Лејсон Зекири, актуелен член на репрезентацијата до 20 години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Довчерашниот играч на МЗТ Скопје Уни Банка, кој од следната сезона најверојатно ќе биде член на Бешикташ, потврди дека се работи за одличен млад кошаркар кој е меѓу оние врз кои ќе се темели иднината на националниот тим.

Зекири веќе е со сениорите и ќе се бори за место меѓу оние кои ќе настапат во претквалификациите за Светското првенство.

„Голема чест за мене е тоа што ја добив довербата од селекторот Драган Бајиќ преку оние селективни тренинзи. Овде има многу поискусни кошаркари од кои можеме многу да научиме, само треба вредно да тренираме во следниот период“ вели високото крило.

Смета дека играњето на претквалификацискиот турнир во Скопје е стартна предност за нашата сениорска селекција, и дека без проблеми ќе влеземе во оние квалификации за Светскиот Куп во 2023 година.

„Одлично е тоа што играме на домашен терен затоа што во старт ќе имаме предност во однос на ривалите. Сметам дека репрезентацијата е одлично склопена и може без проблеми да ги помине претквалификациите“- потенцира младиот кошаркар кој ова лето работи на „два репрезентативни фронта“.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…