Дома Останати Кошарка НБА Лејкерси предводени од Леброн се вратија од -25 и победија!

Лејкерси предводени од Леброн се вратија од -25 и победија!

Лос Анџелес Лејкерси на гостувањето кај Портланд славеа со 121:112 враќајки се од 25 поени разлика. Одличен натпревар одигра Леброн Џејмс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По првиот период Лејкерси имаа предност, меѓутоа во вториот имаа неверојатен пад и примија 45 поени, а постигнаа само 13. Портланд на полувремето водеше со 25 поени разлика и таа предноста ја одржуваше до воведниот дел на третата четвртина.

Високата разлика тогаш почна да се топи, а Лејкерси заиграа многу подобро и ја анаулираа огромната негатива.

Иако наполни 38 години Леброн беше моторот на својот тим и постигна 37 поени, додавајќи уште 11 скокови. Треба да се додаде и дека на последните десет натпревари Леброн има просек од над 35 поени. Во редовите на Портланд Симонс беше најефикасен со 31 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Далас – ЛА Клиперс 98:112

Мајами – Њу Орлеанс 100:96

Торонто – Њујорк 125:116

Денвер – Оклахома 99:101

Феникс – Мемфис 112:110

Голден стејт – Бруклин 116:120

Портланд – ЛА Лејкерс 112:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…