Лејкерси и после три натпревари во новата сезона не знаат за победа, откако изминатата вечер беа поразени од Портланд со 106:104.




Беше Лејкерси на добар пат да дојде до првото славје, во последните седум минути влегоа со седум поени предност, но гостите тогаш имаа фантастичен кам-бек и со пресврт стигнаа до триумф за „три од три“.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лилард блескаше со 41 поен, поддршка му беше Грент кој постигна 16, вклучувајќи го и последниот кош за победа. Тандемот Леброн – Дејвис на спротивната страна искомбинира 54 поени.




Вориорси славеа победа со Сакраменто од 130:125. Домаќините одиграа неверојатно прво полувреме во кое постигнаа 89 поени, па така иако во второто нешто подзастанаа сепак и така стигнаа до победата. Најефикасен беше Кари со 33 поени, додека на другата страна најрасположен беше Фокс со 26 поени.




НБА РЕЗУЛТАТИ: Лејкерс – Блејзерс 104:106. Хокс – Хорнетс 109:126. Кавалирс – Визардс 117:107 прод.. Пеликанс – Џез 121:122 прод, Тандер – Тимбервулвс 106:116, Вориорс – Кингс 130:125, Клиперс – Санс 95:112