Интер денес го одигра својот натпревар од 20. коло во Серија А против Лече.
На изненадување денес Лече на свој терен остана непоразен и така му даде прилика на Јувентус вечерва со победа над Парма да побегне на четири бода на врвот на табелата. Интер на гости одигра само 1:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер имаше повеќе од игра во првото полувреме, меѓутоа гол не видовме, мрежите мируваа.
Во 68. минута Антонио Конте во игра на местото на Бираги го стави младиот 20 годишен стопер Бастони. Бастони само четири минути откако влезе во игра ги доведе „нероаѕурите“ до предност.
Lecce 0-1 Inter (Alessandro Bastoni) What a substitution by Conte and Bastoni gets his first Inter goal. pic.twitter.com/2eY09L8Bye
— Inter vs Lecce Vids (@LecceVsInterVid) January 19, 2020
Лече не создаваше премногу прилики, меѓутоа во 77. минута Манкосу искористи една од ретките шанси на домаќинот и изедначи.
Lecce Goal
— Sean Ellul (@SeanEllul) January 19, 2020
LEC 1 – 1 INT
‘71 Bastoni ⚽️ #lecint #LecceInter pic.twitter.com/U2HXf3QOtc
После овој гол на Лече екипата на Интер падна психолошки, па Лече можеше да дојде и до целосен пресврт. На крајот сепак резултатот не се промени. Инаку, треба да се спомене дека Лече е единствениот тим во Лигата кој не победил никого на домашен терен.
Нерешен резултат видовме и во останатите два натпревари, Болоња – Верона (1:1) и Бреша – Каљари (2:2).