Вечерва на програмата е првиот натпревар од првото квалификациско коло за Лига Европа, тимот на Пелистер му гостува на полскиот Лех Познањ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако апсолутен фаворит, тимот од Познањ работи сериозно со ангажирање на квалитетни играчи и за средбата за македонскиот тим, поради што синоќа и официјално го потврдија трансферот на Кристиан Гиткерер од Минхен 1860.
-Многу сум среќен што пристигнав во овој клуб. Со нетрапение го очекувам својот деби натпревар и битката за место во првиот тим,- изјави Гиткерер.
Деби средбата може да биде токму во Струмица, каде Пелистер ќе го пречека Лех Познањ во реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лига Европа.