Дома Фудбал Останато Лех Познањ непосредно пред Пелистер се засили со играч од Германија

Лех Познањ непосредно пред Пелистер се засили со играч од Германија

Вечерва на програмата е првиот натпревар од првото квалификациско коло за Лига Европа, тимот на Пелистер му гостува на полскиот Лех Познањ.

Иако апсолутен фаворит, тимот од Познањ работи сериозно со ангажирање на квалитетни играчи и за средбата за македонскиот тим, поради што синоќа и официјално го потврдија трансферот на Кристиан Гиткерер од Минхен 1860.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


-Многу сум среќен што пристигнав во овој клуб. Со нетрапение го очекувам својот деби натпревар и битката за место во првиот тим,- изјави Гиткерер.

Деби средбата може да биде токму во Струмица, каде Пелистер ќе го пречека Лех Познањ во реванш дуелот од првото квалификациско коло за Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антонели прв ќе тргне и во Јапнија, Ферстапен дури 11-ти!

Кими Антонели издоминира во квалификациите за Големата награда на Јапонија, и утре ќе стар…