Дома Фудбал Англија Лестер го победи Челси и за прв пат во историјата го освои ФА купот

Лестер го победи Челси и за прв пат во историјата го освои ФА купот

Фудбалерите на Лестер на Вембли го совладаа Челси со 1:0 и по прв пат во историјата го освоија ФА купот.

Првото полувреме на овој натпревар донесе неколку обиди од двете страни, но на одмор се замина без голови (0:0).

Меѓутоа, првиот гол на натпреварот вредеше да се чека до 63. минута бидејќи Тилеманс постигна спектакуларен гол за Лестер.

Играчот на Лестер од 25 метри упати страотен удар кој голманот на Челси, Кепа немаше шанси да го одбрани.

Во продолжение Челси притисна да дојде до израмнување. Шмајхел одлично ги одбрани ударите на Чилвел и Маунт, а во 89. минута беше видена вистинска драма.

Морган ја погоди мрежата, но ВАР одлучи дека претходно имало офсајд и голот беше поништен.

На крајот остана 1:0 за Лестер кој за прв пат во својата историја го освои овој трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Историски момент беше денес да се гледа Македонија, срцето ми е полно за Пандев“

Марио Ѓуровски како што најавивме е дел од нашиот експертски кој ги коментира натпреварите…