Дома Фудбал Англија Лерој Сане категоричен: Јас во Јунајтед? Никогаш, знам дека сум на вистинската страна

Лерој Сане категоричен: Јас во Јунајтед? Никогаш, знам дека сум на вистинската страна

sane

Британските медиуми минатата недела пишуваа дека Лерој Сане од синиот дел на Манчестер би можел да премине во црвениот.

Медиумите на Островот како доказ дека нешто се случува ги наведуваа коефициентите за трансфер на Сане во Манчестер Јунајтед кои беа во пад, но сега самиот фудбалер тврди дека тоа никогаш нема да се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сане вчера го постигна последниот гол за Манчестер Сити во убедливата победа против Саутемптон од 6:1, а после овој натпревар Сане одговори на прашањето за овие шпекулации.

„Тоа нема да се случи! Нема шанси да се случи такво нешто. Среќен сум тука и знам дека сум на вистинската страна“, категоричен беше 22 годишниот Сане.

Сане има значително помала минутажа оваа сезона во однос на претходната кога беше во првиот тим на „граѓаните“. Сеапк, помислата дека Сити со таков потенцијал би засилил лутиот ривал изгледа навистина неверојатно.

https://www.youtube.com/watch?v=uFLDBqiXZkE

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…