Дома Фудбал Останато Леонардо: Тој што го критикува Меси ништо не разбира од фудбал

Леонардо: Тој што го критикува Меси ништо не разбира од фудбал

Лионел Меси ова лето во бомбастичен трансфер пристигна во Пари Сент Жермен, но очигледно има потекотии за се адаптира во Париз па до сега има постигнато само еден гол во француското првенство.

Меси е под жестоки критики поради слабите игри во дресот на ПСЖ, но спортскиот директор Леонардо застана во негова одбрана.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Ако почнете да водите дебата за Меси, тоа го правите поради тоа што не знаете ништо за фудбалот. Ако ги погледнете неговите бројки во првите шест месеци, тие се неверојатни. Тој и Мбапе учествувале во речиси сите наши голови. Тој е клучен играч за нас“, изјави Леонардо.

„Кој вели дека тој на секој натпревар треба да истрча 12 километри? Тој 20 години не го менува стилот. Тоа се менува само кога е опкружен со нови соиграчи. А тој е гениј, поради тоа и знае да се прилагоди“, заклучи директорот на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фергусон го избрал новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг е под голем притисок поради лошите резултати и наскоро би можел да добие отка…