По завршувањето на актуелната сезона Килијан Мбапе ќе биде слободен играч, а очекувањата се дека ќе го засили Реал Мадрид.




Сепак во Париз не се откажале од Мбапе и веруваат дека имаат шанси да го задржат. Спортскиот директор Леонардо порача дека ќе направат се за да го убедат да остане.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Дали имаме шанси да го задржиме Мбапе? Да, сигурно дека имаме. Се додека не потпишал договор со друг клуб ќе работиме тој да остане во клубот“, изјави Леонардо.




Информациите од Франција говорат дека ПСЖ веќе му понудил на Мбапе рекордни суми во вид на плати и бонуси, но не е јасно дали тоа ќе биде доволно да се спречи неговиот трансфер.