Возачот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 за Големата награда на Белгија.
Леклер вчера беше најдобар во квалификациите и денеска тргна од пол-позицијата, па на крајот стигна до првата победа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Второто место го освои Луис Хамилтон од Мерцедес, кој на крајот имаше задоцнување зад Леклер од 0.981, а последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас.
Себастијан Фетел мораше да се задоволи со четвртото место, а најголем трагичар беше Ландо Норис, кој цела трка беше петти, но неговиот Мекларен откажа во претпоследниот круг.
Во текот на трката имаше и судир меѓу Макс Ферстапен и Кими Раиконен, по што Холанѓанецот мораше да се откаже.