ИТАЛИЈАНСКИТЕ медиуми објавија дека Ферари и 26-годишниот Шарл Леклер го продолжиле договорот кој сега важи до 2029 година.
Во Ферари се задоволни од настапите и резултатите на Леклер, поради што го продолжија договорот кој траеше до крајот на 2024 година.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Исто така, Леклер досега заработуваше 25 милиони евра годишно, а според новиот договор ќе добие двојно подобри услови.
Во неодамна завршената сезона Леклер на Светското првенство освои 206 бода, колку што имаше и Фернандо Алонсо и беа на четвртото и петтото место по редослед. Макс Верстапен повторно стана светски првак со дури 575 поени.
Актуелниот договор на другиот шпански возач на Ферари, Карлос Саинц, исто така е до крајот на 2024 година, но челниците на престижниот Формула 1 тим се уште размислуваат дали да го обноват и неговиот договор.
Саинц ја заврши сезоната на седмото место, а наводно постои опција да го доведе Британецот Ландо Норис.