Дома Фудбал Германија Легенда на Бундеслигата: Фрајбург се разделува со тренерот кој е во клубот 29 години

Легенда на Бундеслигата: Фрајбург се разделува со тренерот кој е во клубот 29 години

Германскиот тренер Кристијан Штрич одлучи да се пензионира на крајот од актуелната сезона.

58-годишниот стратег на Фрајбург сака клубот да се освежи и да преземе нови предизвици со нова енергија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Она што е импресивно е што Штрих во Фрајбург дојде во 1995 година, кога почна да работи со помладите категории, каде беше до 2011 година. Потоа стана помошник на првиот тренер, а од 2012 година самостојно ја извршува работата како тренер на бундеслигашот.

„После 29 години, ова е вистинскиот момент да ја препуштам мојата работа на некој друг. Ни требаат нови луѓе, нова енергија, нови можности… Овој клуб е мојот живот и му благодарам за се“, изјави Штрих.

Под водство на Штрих, Фрајбург четири пати настапуваше во Европа, а во сезоната 2021/22 играа и во финалето на Купот на Германија каде беа поразени на пенали од Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Башкими бил оштетен во дуелот со Брера: Судијата доби негативна оценка!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со став во врска со контроверзниот момент на д…