Поранешниот стопер на Арсенал, Сол Кембел е нов тренер на англискиот нисколигаш Маслефилд Таун.
Кембел со клубот кој во Англија се натпреварува во Лига 2 доби договор на 18 месеци.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Маслефилд се наоѓа на дното и поранешниот англиски репрезентативец го чека многу работа, но тој верува дека може да го спаси клубот од испаѓање во понизок ранг.
Овој фудбалер дресот на Арсенал го носеше од 2001 до 2006 година, а потоа се врати во во јануари 2010. Во Премиер лигата одигра 146 натпревари и освои две титули во Премиер лигата и два трофеи во ФА Купот, пред да замине во Портсмунт.
Интересен беше начинот на кој овој клуб го најави Кембел на друштвените мрежи.
Имено, луѓето кои го водат Твитер профилот непосредно пред именувањето на Кембел за нов тренер објавија слика од пиво кое го носи името Сол.
Drink anyone???? pic.twitter.com/vBRnExpXu4
— Macclesfield Town (@thesilkmen) November 27, 2018