Легендарниот Роберт Просинечки по трети пат во кариерата би можел да стане селектор.
Во овој момент Просинечки е без ангажман по заминувањето од екипата на Рудеш со кој не успеа да направи добар резултат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Гана по лошиот резултат на Купот на Африканските Нации каде што не ја помина групата го отпушти досегашниот селектор Крис Хјутон, а би можела да се одлучи повторно да доведе селектор од Балканот на чело на селекцијата.
Просинечки веќе водеше две репрезентации, прво Босна и Херцеговина, па и Азербејџан. Освен овие две репрезентации тој ги водеше клубовите на: Црвена Звезда, Днизли, Олимпија Љубљана, Црвена Звезда и споменатиот Рудеш.
Ако Просинечки седне на клупата на Гана тој ќе биде петтиот селектор од Балканот кој ќе ја води оваа репрезентација пред него тука беа: Милан Живадиновиќ, Ратомир Дујковиќ, Милован Рајевац (двапати) и Горан Стевановиќ.