Даниеле Де Роси вчера објави дека после 18 години ја напушта Рома.
35-годишниот Роси на 26. мај против Парма ќе го одигра својот последен натпревар на Олимпико, а најави дека нема намера да ја заврши кариерата.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Неговите соиграчи на посебен начин се опростија од него, носејќи дрес со неговото име. Пораки на Де Роси вчера пристигнале од сите страни, а самиот играч рече дека добил преку 500.
Покрај останатите и поранешниот играч на Милан и Јувентус, Андреа Пирло со порака на својот Твитер профил се опрости од Де Роси.
„Еден важен дел од твојот живот заврши. Не е важно каде, но продолжи да играш бидејќи на фудбалот и натаму му требаа луѓе како што си ти.“
Un capitolo importante della tua vita si chiude.. non importa dove ma continua a giocare e a divertirti perché il calcio ha ancora bisogno di persone vere come te.. in bocca al lupo Dani pic.twitter.com/d5P5XtMUpv
— Andrea Pirlo (@Pirlo_official) May 14, 2019