Дома Фудбал Германија Легендарниот Оливер Кан станува претседател на Баерн Минхен!

Легендарниот Оливер Кан станува претседател на Баерн Минхен!

0

Еден од најголемите голмани на сите времиња, Оливер Кан се враќа во клубот каде што остави голема трага.

Кан од 1994 до 2008 година настапуваше за Баерн и со Баерн освои се што можеше да се освои, а како што пишуваат германските медиуми на „Алијанц Арената“ ќе се врати на голема врата.

Со оглед дека на 31-ви декември 2021 година истекува претседателскиот мандат на Кајл-Хајнц Румениге, во Баерн одлучија токму Кан да биде тој кој ќе го наследи во првиот ден од наредната година што ќе биде голема чест, но и одговорност за голманската легенда.

„Голема е честа да се стане член на одборот, а потоа да се превземе должноста претседател на Баерн“, изјави 50 годишниот претседател на Кан.

Поранешниот капитен за германската репрезентација одигра 86 натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…