Баер Лeверкузен и Борусија Менхегладбах ги одмерија силите во последниот натпревар од денешната програма на 26. коло од Бундеслигата.
Натпреварот одигран на Бај-арената на крајот заврши со резултат 2:0 во корист на тимот од Леверкузен, за кој тоа беше 12. победа во сезоната, доволно за третото место во германскиот шампионат.Првото полувреме помина со подобра игра од страна на Баер. И покрај многуте шанси пред голот на гостите, погодокот стигна во 39. минута кога Аларио ја затресе мрежата на Борусија.