Дома Фудбал Леванте и Барди испуштија победа во последниот натпревар на Гризман за Атлетико (ВИДЕО)

Леванте и Барди испуштија победа во последниот натпревар на Гризман за Атлетико (ВИДЕО)

0

Леванте и Атлетико Мадрид денес одиграа 2:2 во рамките од последното коло во шпанската Ла Лига.

Тимот на Барди ја исполни најголемата цел за оваа сезона, а тоа е и наредната сезона да играат во Ла Лига, но можат да жалат зошто испуштија победа против Атлетико Мадрид.

Домаќините денес имаа 2:0, но во второто полувреме попуштија под притисокот на гостите. Леванте до предност стигна уште во шестата минута со голот на Кабако, додека половина часс подоцна погоди и Роџер.

Меѓутоа Атлетико не се предаде. Прво, Родриго намали на 1:2 во 68-та минута, додека десет минути подоцна Камело изедначи на 2:2.

Атлетико Мадрид сезоната ќе ја заврши на втората позиција со 76 освоени бодови зад Барселона која има десет повеќе. Леванте е на 14-тата позиција со 44 освоени бодови.

Треба да се спомене и дека ова беше последниот натпревар за Антоан Гризман во дресот на Атлетико.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: „Црвената армија“ на Клоп незапирлива, неверојатен пресврт на Арсенал

Големото дерби на „Стенфорд Бриџ“ му припадна на Ливерпул, кој продолжува со максималниот …