Дома Фудбал Германија Левандовски ја одби последната понуда од Баерн Минхен

Левандовски ја одби последната понуда од Баерн Минхен

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја одби последната понуда на клубот за продолжување на договорот.

Двете страни преговараат подолго време, а Баварците се обидуваат да го убедат Полјакот да остане на „Алијанц Арена“, и покрај сериозниот интерес од Барселона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


 Сепак, двете страни се уште се многу далеку од постигнување договор, а иднината на 33-годишниот голгетер останува под знак прашалник, пишува „Спорт“.

Левандовски и неговиот агент Пини Захави биле крајно разочарани од најновата понуда на Баерн. Не се задоволни ниту од времетраењето на предложениот договор, ниту од платата која е понудена.

Актуелниот договор на играчот е до 2023 година, а од Баерн потврдија дека сигурно нема да го продадат на лето дури по цена следната година да си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…