Дома Фудбал Останато Левандовски шокиран од потегот на селекторот Соуса

Левандовски шокиран од потегот на селекторот Соуса

Селекторот на полската репрезентација Паоло Соуса се најде на удар на тамошната јавност откако ја напушти репрезентацијата, а неговиот потег го шокира Роберт Левандовски.

Соуса доби понуда да биде тренер во бразилскиот гигант Фламенго и ќе ја напушти репрезентацијата на Полска и тоа непосредно пред баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Дека заминувањето на Соуса од кормилото на Полска би било шок, потврди и портпаролот во полската репрезентација, Моника Бондарович, која пренесе изјава на Левандовски.

„Ова е нешто што не го очекуваше сигурно ни Роберт, ни никој друг од јавноста. Роберт Левандовски е шокиран и разочаран поради постапката на тренерот Суса“, порача портпаролот.

Полскиот дневен спортски весник Przegląd Sportowy на насловната страница го опиша Соуса како дезертер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар ги пушти билетите во продажба за дуелот против Лозана

Фудбалерите на Вардар го продолжуваат своето европско поглавје, а следниот предизвик доаѓа…