Роберт Левандовски уште еднаш отворено ја соопшти својата одлука да го напушти Баерн Минхен ова лето.




Левандовски иако има уште една година од договорот со Баварците побара од клубот да му дозволи трансфер, а сега откри и дека има договор со Барселона.




Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Тој недвосмислено потврди дека неговото време во Баерн е завршено и сака нов предизвик.




„Ниту една друга понуда не беше разгледана освен таа од Барселона. Веќе почнав да зборувам шпански. Имам куќа во Шпанија. Сакам да го напуштам Баерн. Тоа е јасно“.




„Секогаш бев лојален кон Баерн, играв дури и кога бев повреден. Но едноставно имам потреба за промена, за повторно да почувствувам нови предизвици“, изјави Левандовски.