Дома Топ вести Левандовски незадоволен, го напушта Баерн

Левандовски незадоволен, го напушта Баерн

Еминентниот германски весник „Билд“ пренесува дека Роберт Левандовски му соопштил на Баерн Минхен дека не е задоволен и сака да ја промени средината.

Полјакот следното лето влегува во последната година од договорот и нема никаква намера да го продолжи договорот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


 Исто така на Левандовски не му се допаднало тоа што Салихамиџиќ во едно интервју на телевизија рекол дека Баерн го следи Ерлинг Халанд.

„Левандовски од Баварците ќе побара трансфер. Смета дека со Баерн направил се и бара нови предизвици. Реал му е најголемиот сон и следното лето би можел да го оствари“, пишува „АС“.

Пред неколку дена и неговиот менаџер Пини Захави не ја исклучи можноста за трансфер на Левандовски во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…