Дома Останати Кошарка Леброн Џејмс спортист на годината за 2016!

Леброн Џејмс спортист на годината за 2016!

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, во анкетата на агенцијата АП е избран за најдобар спортист во 2016 година, додека кај дамите наградата и припадна на гимнастичарката Симон Бајлс.

Леброн Џејмс, го предводеше Кливленд до првата шампионската титула во историјата на клубот. Во едно од најнеизвесните и највизбудливи финалиња Кливленд преку Голден Стејт стигна до титулата иако по четири натпревари губеше 1:3 во победи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џејмс освои 59 гласови на уредниците, на медиумите кои ги користат услугите на агенцијата АП. Кошаркарот на Кливленд зад себе ги остави пливачот Мајкл Фелпс и атлетичарот Јусеин Болт.

Гимнастичарката Симон Бајлс на Олимписките игри во Рио де Жанеиро освои четири златни и еден бронзен медал.

Наградата за спортистка на годината таа ја освои пред пливачката Кети Ледецки и тенисерката Серена Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ ја скрши клетвата! (Видео)

Денвер Нагетс првпат победија во натпреварот каде што Јокиќ постигна повеќе од 50 поени! П…